Се поправа платото пред Центарот за култура
Започна санација на дел од платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“- Куманово.

Според директорот Сашо Тодоровски, градежните работи опфаќаат замена на скршените мермерните плочки и изградба на пристапна рампа за лицата со пореченост.
„Се што е употребливо ќе извади и повторно ќе се употреби, а скршените плочи ќе се заменат со нови. Реконструкцијата ќе ја извршиме со средства од Центарот за култура“, - изјави директорот Тодоровски.
Со санација на платото ќе се подобри естетскиот дел на влезот на установата, но ќе се подобрат и пристапните услови. Санацијата треба да заврши до утре.
Во текот на наредниот период директорот најавува реновирање и во внатрешноста на Центарот за култура.