Силен земјотрес во Грција, се почувствува и во Куманово
09.01.2022 22:08
| Сузана Николиќ
Силен земјотрес со јачина од 5,8 степени според ЕМСЦ, во 22.43 часот го погоди грчкиот град Лерин. Земјотресот се почувствува и во Куманово.

Според Европската сеизмолошка опсерваторија, епицентарот на земјотресот со магнитуда од 5,8 степени бил во Грција, на 5 км североисточно од Лерин. Земјотресот се почувствува во повеќето градови во Македонија.