Сообраќајка на Страцин, повредена жена
29.10.2017 23:23
| KumanovoNews
На магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, на м.в. Чатал во селото Страцин, во сообраќајна несреќа повредена е 50-годишна жена од Скопје, сопатничка во возилото.

Сообраќајката се случила синоќа во 18.15 кога возило марка „шевролет каптива“ управувано од Р.Н.(47), кое се движело од село Страцин кон Крива Паланка, удрил во крава со предната лева страна на возилото, при што ја усмртил на лице место.
При ударот со телесни повреди се здобила сопатничката во возилото, З.Н. од Скопје.
Со возило на брза помош жената била пренесена во кумановската болница, каде биле констатирани лесни телесни повреди и е укажана лекарска помош.