Советот изгласа Куманово да се збратими со Нови Сад
16.10.2019 10:26
| KumanovoNews
Општина Куманово да се збратими со Градот Нови Сад, Република Србија, одлучија советниците на денешната седница.
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и претседателот на Советот на Нови Сад, Здравко Јелушиќ, меморандумот за соработка, го потпишаа уште минатата година, што беше прв чекор за збратимување на двата града.
Со одлука на двата совети, соработката на збратимените градови се официјализира, по ќе се интензивира на повеќе полиња.