Театар Славија со „Женски разговори“ на Денови на комедија
06.10.2020 09:26
| KumanovoNews
Претставата „Женски разговори“ на Театар „Славија“ од Белград, по текст на Душко Радовиќ, а во режија на Небојша Дугалиќ, вечерва ќе гостува на Меѓународната театарска манифестација Денови на комедија во Куманово.
Претставта никого не остава рамнодушен и ќе ве насмее до солзи. Урнебесна комедија со антологиските реченици на Душко Радовиќ, машки и женски разговори, забавна игра на три врвни актери која секогаш продонесува публиката насмеана да ја напушти салата.
Во претставата играат Светлана Бојковиќ, Весна Чипчиќ и Милан Цаци Михаиловиќ.