Тијана Дапчевиќ со хит монодрамата „Менопауза“ во Куманово
Тијана Дапчевиќ оваа есен повторно пристигнува пред македонската публика со хит монодрамата „Менопауза“ – претстава исполнета со хумор, емоции и ситуации во кои публиката лесно ќе се препознае.
На 6 октомври, комедијата „Менопауза“ ќе гостува во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, каде што публиката ќе има можност да помине една поинаква, забавна и незаборавна вечер со Тијана Дапчевиќ.
По позитивните реакции и големиот интерес за претставата за време на пролетната турнеја, есенската турнеја носи нови градови и нови средби со публиката.
„Менопауза“ на духовит и искрен начин отвора теми од секојдневието, љубовта, животните промени и предизвиците со кои се соочуваме, претворајќи ги во вечер исполнета со смеа и емоции.
Билетите можат да се купат на билетарата во Центарот за култура и во Paveltobacco.
„Публиката во Куманово ја очекува вечер за смеење, препознавање и добро расположение. Се гледаме на 6 октомври во Куманово“, велат организаторите.

(ПР текст)