Мени

Угостителските објекти со продолжено работно време три дена пред 11 Ноември

16.10.2019 09:56 | KumanovoNews

Предлогот на Општина Куманово за угостителските објекти да работат со продолжено работно време за време на време на прославата на 11 Ноември - Денот на ослободување на Куманово, едногласно беше прифатен од советниците на денешната седница на Советот.

Угостителските објекти со продолжено работно време три дена пред 11 Ноември

Со одлуката се овозможува сите угостителски објекти три дена да работата 2 часа подолго од работното време, кое им го дозволува законот.

  „Со оглед на тоа дека во месец ноември ќе имаме културни манифестации кои ќе се одвиваат на Градскиот плоштад, заради тоа има потреба да се продолжи работното време на угостителските објекти. Ова сме го правеле и предходните години“, - образложи секретарот на Општината Деса Стошевска.

Таа појасни дека според законот, советот на општината има право, за одредени туристички манифестации и содржани кои се предвидени во годишните програми, да го продолжат работното време на угостителските објекти најмногу за два часа, и најмногу три дена.

 Продолженото работено време ќе биде за 8, 9 и 10 ноември, кога се предвидени концертите на музичките ѕвезди  Лепа Брена, Џенан Лончаревиќ, Некст Тајм, Бојан Ристиќ  и други пејачи.

 За продолженото работното време угостителите нема да плаќаат надомест.