Изгоре дабова шума и смрека во Арбанашко
19.04.2026 09:13
| KumanovoNews
Во голем пожар вчера попладне изгоре поголема површина со нискостеблеста вегетација, смрека и дабова шума во селото Арбанашко, Општина Старо Нагоричане.
Пожарот бил пријавен околу 17 часот, а изгаснат околу 21 часот.
„Изгоре сува трева, смрека и дабова шума“, соопштија од ЦУК.
Во интервенцијата учествувале припадници на Територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане со две возила и седум пожарникари. На помош пристигнале и припадници на МВР од Полициското одделение Старо Нагоричане.

(Фото: ТППЕ Старо Нагоричане)