×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вo сообраќајни несреќи годишно умира по едно село

    08.06.2018 06:10 | KumanovoNews

    Во Македонија годишно во просек 160 лица гинат во сообраќајни несреќи.

    Вo сообраќајни несреќи годишно умира по едно село

      Поради загрижувачките податоци, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот организираше состанок со претставници на полицијата и другите стручни лица во Општина Куманово.

    „Мината година загинаа 155 лица. Јас велам, едно просечно македонско село изумира од сообраќајни незгоди. Тоа е сериозен проблем со којшто се соочуваат сите современи општества и Република Македонија. Статистиката покажува дека во пораст е бројот на загинати лица во населно место. Затоа, во наредниот период акцент ќе ставиме на однесувањето во сообраќајот на локално ниво“, рече Ристо Манчев, секретар на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот (РСБСП).

    На подрачјето на СВР Куманово минатата година во сообраќајни несреќи загинале 6 лица, а 65 се тешко повредени. Кумановскиот не спаѓа во најзагрозените региони.

    Како најчести причини за сообраќајните несреќи се неприлагодена брзина, возење под дејство на алкохол, непочитување на правец при движење и непрописно престигнување. А човечкиот фактор е најчеста причина за сообраќајните несреќи.

    Републичкиот совет иницира работни средби со стручни лица во општините заради анализа на моменталните состојби, дефинирање на конкретни мерки и изработка на заеднички акциони планови за безбедноста во сообраќајот на патиштата.