Во Старо Нагоричане Јовановска има двојно водство пред Јаќимовиќ, тврдат од СДСМ
29.10.2017 18:52
| KumanovoNews
Во вториот круг на локалните избори во Старо Нагоричене, кандидатката за градоначалник од СДСМ Жаклина Јовановска има двојна предност пред нејзината противкандидатка Елена Јаќимовиќ од ДПСМ, тврдат од изборниот штаб на СДСМ.

Според нивни податоците, од обработени 80 отсто од гласовите од избирачките места, Јовановска освоила 1070 гласа, а Јаќимовиќ 520.
ДИК објави дека во општината Старо Нагоричане до 17 часот на гласање излегле 46,56 отсто од гласачите или 1596 граѓани од запишани 3.431 гласач.