Во „Тоде Мендол“ врие од кучиња скитници
Жителите од „Тоде Мендол“ се жалат дека во населбата врие од кучиња скитници.

Тие тврдат дека по улиците се шета сурија големи кучиња, поради што не се чувствуваат безбедни, бидејќи не знаат дали некое од кучињата е агресивно и може да ги нападне.
„Кучиња има насекаде низ населбата, особено во делот кај бараките. Покрај нив секојдневно поминуваат стотина деца додека одат на училиште и назад. Бидејќи се плашиме за нивната безбедност секојдневно ги испраќаме и ги чекаме од училиште“, - вели еден од жителите Башким М., кој ипрати фотографии во нашата редакција, кои ги снимил предпладнето.
Тој вели дека досега немало случај да е нападнато некое дете, но стравува дека тоа може да се случи затоа што кучињата се агресивни особено во сезоната на парење. Затоа бара од надлежните во локалната самоуправа да преземат мерки и под итно да ги отстранат кучињата од населбата.
Од одделението за инспекциски работи велат дека од понеделник започнала акција за заловување на кучиња скитници, а деновиве ќе биде опфатена и населбата „Тоде Мендол“.