×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вработен во банка лажно го пријавил шефот за мобинг

    28.02.2018 13:55 | KumanovoNews

    Секторот за внатрешни работи Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против Н.Д.(32) oд Кратово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело лажно пријавување на кривично дело, казниво по член 366 став 1 од Кривичниот законик.

    Вработен во банка лажно го пријавил шефот за мобинг

    Н.Д. вработен во банка во Куманово, до полицијата поднел кривична пријава против банката, односно против директорот на филијала Куманово и непознати лица вработени на раководни позиции во банката. Тој, исто така, поднел и барање до Министерство за труд и социјална политика - државен инспекторат за труд за вршење на инспекциски надзор кај работодавачот-банката, истакнувајќи дека противправно бил распореден да работи како шалтерски работник во експозитура на банката со што му биле ускратени сите права од прекувремена работа, не му биле исплатени прекувремени часови, а воедно му била вршена тортура и психичко малтретирање.

    Од извршените проверки било утврдено дека Н.Д. на последно работно место бил распореден по негово барање, а што се однесува до тортурата и психичкото малтретирање  воопшто немал поднесено барање за заштита од вознемирување на работно место.

    Од страна на Државен инспекторат  за труд, со Записник од извршен инспекциски надзор, биле констатирани спротивни наводи од оние во неговата пријава.