Мени

Земјоделците да поднесат барање за паушално оданочување

18.12.2013 09:01 | KumanovoNews

До 31 декември земјоделците треба да поднесат барање за паушално оданочување.

Земјоделците да поднесат барање за паушално оданочување

Граѓаните кои се занимаваат со земјоделска дејност и нивниот приход во 2013 година не изнесува повеќе од 1.300.000 денари, данокот на доход можат да го плаќаат паушално. Паушалното оданочување важи за земјоделците без разлика дали земјоделството им е основна или дополнителна дејност. Со ова се поедноставува финансиското работење на земјоделците со што персонален данок на доход плаќаат еднаш годишно и не мора да водат деловни книги.

До крајот на месецов земјоделците електронски или во просториите на УЈП можат да поднесат пријава за регистрација на обврзници кои остваруваат приход од земјоделска дејност и барање за паушално оданочување на остварените приходи.