Кумановски акцијаши ќе учествуваат на меѓународни кампови, ги повикуваат младите да им се придружат На два меѓународни еколошки работни кампа се поканети да учествуваат членови на здружението Кумановски акцијаши.
Во тек е етапна исплата на јунските пензии Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.06.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец јуни.
Прогласени првенците на генерацијата во основните и средни училишта во Куманово и Старо Нагоричане Здружението на просветни работници заедно со секторите за образование на општините Куманово и Старо Нагоричане денеска ги прогласија најдобрите ученици на генерацијата 2022/23 во основните и средни училишта во двете соседни општини. Како награда за постигнатите резултати учениците добија признанија, плакета и ваучер од приватна фирма.
Исчезна штитеничка од Домот за стари лица во Куманово Во Кумановската полиција утринава било пријавено дека е исчезната штитеничка сместена во Домот за стари лица во Куманово.
Каменуван камион на автопатот Куманово - Скопје од надвозникот во Романовце Камион со струшки регистерски таблички, завчера полноќ бил каменуван на автопатот Куманово-Скопје, од надвозникот кон целото Романовце.
Кумановската болница купи ново амбулантско возило Општата болница во Куманово набави ново амбулантско возило, кое ќе служи за транспорт на пациенти. Возилото е купено од сопствени средства на установата и чини 2,3 милиони денари.
Дератизација на канализационата мрежа во Куманово Од денеска до среда, /26 до 28 јуни 2023/ од 08:00 до 16:00 часот , ќе се врши дератизација на канализационата мрежа на територија на општина Куманово.
Тројца повредени, со голф излетале од патот Патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(40) од Куманово, излетало надвор од автопат „Пријателство“, во близина на надвозник „Бедински мост“.
Интересот на земјата мора да е на прво место, дијалогот со опозицијата треба да продолжи, порача Ковачевски Граѓаните сакаат да живеат во ЕУ и ние треба одлуката да ја донесеме заради граѓаните, интересот на земјата, на народот мора да го стави на прво место, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на вчерашната трибина во Куманово, на тема „МК во ЕУ до 2030“, Резултати што прават разлика“ .
Поплавени улици и куќи по поројниот дожд во Куманово Поројниот дожд кој синоќа го зафати Куманово поплави улици, куќи и подруми, поради што морала да интервенира противпожарната служба и јавното претпријатие.
Претставата „Неро“ вечерва во Центарот за култура во Куманово На малата сцена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, вечерва во 20 часот ќе биде изведена претставата „Нера“ во режија на Ѓорѓи Ризески, по текст на Христо Христов.
Компанијата „Еврос Комерц“ го осовремени производството со државна помош, кажа Ковачевски во Старо Нагоричане Премиерот Димитар Ковачевски, денеска беше во посета на компанијата „Еврос Комерц“ од Старо Нагоричане, специјализирана за производство на фина картонска амбалажа.
СДСМ во недела ќе одржи трибина во Куманово Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, во недела во 12 часот, СДСМ ќе одржи трибина под мотото“ Резултати што прават разлика“, на која ќе говори претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.
Казнети мотоциклисти кои не носеле заштитна опрема Во текот на изминатата недела кумановската полиција казнила 39 мотоциклисти, затоа што не носеле заштитна опрема.
Над 1 милион евра ќе чини бесплатниот јавен превоз во Куманово ако продолжи до крајот на годината како што најави Димитриевски Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, најави дека ќе му предложи на Советот да го продолжи бесплатниот градски превоз на граѓаните до крајот на годината. За првите 9 месеци услугата ја чини Општина Куманово над 750 илјади евра.
Промоција на „Авантурите на Космонаутко“ во Куманово Во Центарот за кулура „Трајко Прокопиев“ во Куманово во петок, утре во 19.30 часот ќе се одржи промоција на книгата „Авантурите на космонаутко“ на авторот Денис Јанкуловски од Скопје.