Цариниците бараат зголемување на платите за 30 отсто или ќе ги затворат границите Предупредувачки протест на вработени во Царинска управа, најавија денеска од Синдикатот на УПОЗ. Протестот ќе се одржи во петок од 12 до 12:30 часот.
Голем одзив на крводарителска акција по повод Светскиот ден на крводарителството Здружението „За наше Куманово“ денеска организира крводарителска акција во соработка со Институтот за транфузиона медицина од Скопје, по повод Светскиот ден на крводарителството,14 јуни.
Хуманитарна аукција на дела на реномирани кумановски сликари за лекување на Теодосија Музеј Куманово во соработка со 18 академски сликари од градот организира хуманитарна онлајн продажба на уметнички слики, а сите собрани средства ќе одат за лекување на малата Теодосија, која е на лекување во Турција.
Камиказа - нова песна на Драгана Јовановска Талентираната Драгана Јовановска (16) од Куманово ја објави својата втора авторска песна со наслов Камиказа. На песната работеа и продуцентот Иле Спасев и раперот Тајзи.
Соработката на локалната и централна власт услов за превенција на секаков вид на екстремизам, сметаат Димитриевски и Таравари Градоначалници, претставници на локалната и централната власт и невладини организации од Куманово, Прилеп, Гостивар, Тетово, Струмица и Кисела Вода учествуваат на работилница „Превенција и заштита на општеството од насилниот екстремизам и сите видови на радикалното однесување“.
Започна реконструкцијата на дел од Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово Во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово започнаа градежни работи за реконструкција на 14 соби. Проектот ќе чини 2,7 милиони денари или околу 43,5 илјади евра, сопствени средства на установата.
Се одржа првата пензионерска фолклорна ревија во Куманово Пензионерски фолклорни друштва од Куманово, Крива Паланка, Кочани, Врање, Лесковац и Зајечар, вчера учествуваа на првата Меѓународна фолклорна ревија на платото пред Центарот за култура во Куманово.
Врзал контејнер за кола и го влечел по улица во Куманово, случајот пријавен во полиција (видео) Во Куманово возач на автомобил влечел контејнер по улица, загрозувајќи ја безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
Поскапуваат бензините Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98, како и на еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар по литар, соопшти Регулатрорната комсија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Крводарителска акција на „Наше Куманово“ во кружната сала на Комитет Во среда во просториите на кружна сала на поранешен Комитет, од 10 до 16 часот ќе се одржи крводарителска акција, која ја организира здружението „За наше Куманово“ во соработка со Институт за трансфузиологија од Скопје.
Владата го решава деценискиот проблем со водоснабдувањето на „Никола Тесла“, кажа Арсиќ На ул. „Никола Тесла“ се гради нова водоводна мрежа, во должина од 2 км, финансирана од Владата. Оваа водоводна мрежа е потреба за граѓаните од оваа улица, но исто така и за населените места од Долно Којнаре.
Викендов во Куманово казнети 118 возачи, 99 за брзо возење Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи.
Општина Куманово ќе ја реконструира Спортската сала Соколана До крајот на месецов ќе започне реконструкцијата на спортската сала Соколана, која е една од најубавите и највредни архитектонски зданија во Куманово, изградена во 1930-тите.
Ликовна работилница за ученици од прво до петто одделение во Центарот за култура во Куманово Цртежот „Срна“ на Јована Ангеловска, ученичка во петто одделение во основното училиште „Кочо Рацин“ е избран за најдобар цртеж на денешната детска работилница организирана од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
Каменуван автобус со фудбалери на наплатната рампа Романовце Автобус со струшки регистерски таблички, кој превезувал фудбалери синоќа бил каменуван на наплатната рампа Романовце.
Голема посетеност на отворањето на изложбата „Самоуки“ во Куманово Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, синоќа беше отворена традиционалната изложба “Самоуки 2023“.