Во вторник седница на Советот – 70 точки на дневен ред Советот на Општина Куманово во вторник ќе одржи редовна седница на која советниците ќе расправаат по 70 точки од дневниот ред.
Kонтролa на аероклубовите, кои се оператори на спортските аеродроми, најави министерот Николовски Во рок од најмалку две недели државните институции ќе извршат проверка на петте аероклубови, кои стопанисуваат со спортските аеродроми во Куманово, Скопје, Битола, Прилеп и Штип, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на денешната прес-конференција.
ВМРО-ДПМНЕ стартува со карванот „Твојата идеја ќе победи“ Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово од утре започнува со теренски активности и средби со граѓаните, со цел собирање предлози и идеи што ќе бидат вклучени во партиската програма за претстојните локални избори.
Во тек се уписите во „Еуро колеџ“ Започнаа уписите на единствената приватна високообразовна установа во Куманово – „Еуро колеџ“.
Започнува „Кумановско културно лето“ Од денеска до недела во Куманово ќе се одржат повеќе културни манифестации во рамки на „Кумановско културно лето“.
Сања Давидовиќ нова в.д. директорка на Фондацијата за култура и спорт Куманово Сања Давидовиќ е именувана за нова вршителка на должност директорка на Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово.
Се намалуваат цените на бензините и дизелот Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 од полноќ се намалуваат за 0,50 денари по литар, а на Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство за 1,00 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Четврто прскање против комарци во Куманово На територијата на Општина Куманово утре на полноќ ќе започне прскањето на комарци од земја.
Независните кандидати ќе можат да учествуваат на локалните избори со собрани два потписа, одлучи ДИК Само со два потписа граѓанските иницијативи ќе можат да учествуваат на престојните локални избори.
Уапсен кумановец, возел со 3,43 промили алкохол во крвта Кумановец утринава е приведен поради тоа што возел во алкохолизирана состојба.
Од денеска до 15 септември училишниот прибор ќе се продава по намалени цени Од денеска се намалуваат цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти.
Приведен кумановец за подметнување пожар, изгореле куќа, автомобил, ниви Педесет и седумгодишен маж е приведен под сомнение дека предизвикало пожар во н. Карпош, при што изгореле куќа, автомобил и ниви.
Четиригодишно дете се затруло со детергент Четиригодишно дете од Куманово било донесено во Општата болница Куманово со знаци на труење, најверојатно од детергент.
Меѓународна награда за придонес во минијатурната уметност за Гоце Божурски Уметникот Гоце Божурски е добитник на високо меѓународно признание – „Специјална награда за значаен придонес и ликовни достигнувања во минијатурната уметност“.
Време е часовникот на Куманово да тргне напред, Стојковски ја објави кандидатурата за градоначалник Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Горан Стојковски – Диро, официјално ја претстави својата кандидатура, како и советничката листа на граѓанската иницијатива „Ред за Куманово“.
Општините ќе добиваат повеќе пари за неразвиените училишта и за стручното образование, најави Јаневска Општините ќе добиваат пари од Владата за основното и средното образование според нова методологија, која ја усвои Владата, чија примена почнува од 1 јануари.