По една коловозна лента се одвива сообраќајот во Младо Нагоричане, поради сообраќајка на патот кон Крива Паланка Поради сообраќајна несреќа во близина на селото Младо Нагоричане, сообраќајот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, на местото на несреќата, се одвива наизменично по една коловозна лента.
Нови апарати за детското, неонатолошкото и ОРЛ одделението преку проектот „Поздрава шанса на иднината“ Реконструкција и проширување на Одделот за детски болести, како и реновирање на просторите на неонатологија во Општата болница Куманово е дел од проектот „Поздрава шанса на иднината“.
Оградата на дворот на Монопол е искривена, жителите се плашат дека може да падне и некого да повреди Оградата на дворот на поранешен Монопол на улицата „Страшко Арсовски“ се искривила под притисок на земјата и корени од дрвјата, а од врнежите и снегот дополнително ќе натежне и постои опасност да падне.
Дарко Тодоровски ќе одржи новогодишен концерт во Куманово Оперскиот пејач Дарко Тодоровски, вечерва со почеток во 20 часот ќе одржи новогодишен концерт во Занаетчискиот дом во Куманово. Концертот ќе биде поделен во три дела, во кои Тодоровски ќе пее и свири на пијано.
Крадел во деловен објект кога го фатиле се обидел да побегне низ прозорец Крадец бил затекнат во деловен објект на булеварот „3 МУБ“, а се повредил додека сакал да побегне, по што е пренесен во Кумановската болница.
Новогодишен концерт на класична музика во Центарот за култура Во малата сала на Центарот за култура во Куманово, вечерва со почеток во 18 часот ќе се одржи новогодишен концерт на учениците од одделот за дувачки инструменти на средното музичко „Илија Николовски- Луј“ од Скопје.
Кумановец се коцкал во казино со фалсификувани долари Кумановец добил кривична пријава затоа што во казино се коцкал со фалсификувани долари.
Коледарите ги набраа бадниковите гранчиња во Колитско Со берење на бадникови гранчиња во атарот на селото Колитско официјално започнаа подготвките за Бадник на Здружението „Коледари“ од Куманово.
Хуманитарната мисија на Дедо Мраз на мотор по 17 пат во Куманово (видео) Акцијата „Дедо Мраз на мотор“ ја продолжи хуманитарната мисија по 17 пат, во организација на Мото клубот „Мечки“.
Меѓународна изложба на уметничка фотографија „МОТУС 2024“ во Куманово Во Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, во 19.30 часот ќе биде отворена првата Меѓународна изложба на уметничка фотографија „МОТУС 2024“, која ја организира Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности - МОТУС од Куманово, преку својот Фото клуб - Мотус.
Плинска боца и бојлер предизвикале пожар во две куќи во Куманово Две куќи се опожарени во текот на вчерашниот ден во Куманово.
Се одржа годишно собрание на Здружението на пензионери, присуствуваа и претставници на незадоволните членови На годишното собрание на Здружение на пензионери Куманово, денеска присуствуваа и двајца претставници на групата на незадоволни членови, кои бараа седницата да биде јавна.
Продолжи судењето против градоначалникот Димитриевски, сослушано вешто лице за урбанизам Во Основниот суд Куманово денеска продолжи судењето на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, обвинет од Основното јавно обвнителство (ОЈО) Куманово за злоупотреба на службената положба и овластување, по пријава на двајца кумановски бизнисмени за неиздавање дозвола за градба.
Откриени пакетчиња со поминат рок при вонредни контроли на АХВ Минатата недела се спроведени 62 вонредни контроли за безбедноста на новогодишните пакетчиња при што кај две се најдени производи со изминат рок, како и со краток рок на траење, до 12.2024 година, соопшти Агенција за храна и ветеринарство (АХВ).
Промовиран Манифестот на локалните новинари и медиумски работници Манифестот на локалните новинари и медиумски работници за подобрување на условите за работа претставува сублимат на констатации околу актуелните состојби во сферата која е од јавен интерес и барања за овозможување на квалитетно и независно информирање на локалните заедници
Обука за градење капацитети за спроведување на зелената агенда се одржа во Куманово Работилница на темата „Регионална обука за градење капацитети за спроведување на зелената агенда на Западен Балкан на локално ниво“ се одржа со присуство на членови на општинската администрација од Куманово, Ранковце, Липково, Крива Паланка и граѓански организации од Североисточниот регион.