Над 90.000 евра потроши „Водовод“ за да го нормализира водоснабдувањето во Куманово по невремето кое ја замати водата Повеќе од 90 илјади евра, поточно 5,58 милиони денари потроши ЈП „Водовод“ од Куманово за три месеци, за да го нормализира водоснабдувањето и да се справи со последиците од големото невреме, кое ја замати водата во езерата Липково и Глажња, а градот остана седум дена без вода за пиење.
Кривични пријави за повеќе лица и фирми, поради непрописно поставени сообраќајни знаци и возила на автопатот на Миладиновци каде загинаа татко и син На повеќе лица и неколку фирми им се поднесени кривични пријави, поради предизвикување опасност при градежни работи и загрозување на безбедноста на сообраќајот, на местото каде што се врши реконструкција на автопатот Куманово - Скопје, кај Миладиновци, при што во сообраќајна несреќа загинаа татко и син од кумановско.
Пукната цевка кај „Стаклопан“ го прекина водоснабдување на „Октомвриска“ Пукната цевка на водоводна мрежа во близина на „Стаклопан“, ги остави без вода жителите на Октомвриска револуција.
Ретроспективна изложба на Владимир Георгиевски во Куманово Во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, утре во 19.30 часот ќе се отвори изложба на македонскиот сликар Владимир Георгиевски.
Виолинистот Стефан Миленковиќ ќе одржи концерт во Македонската филхармонија Српскиот виолинист Стефан Миленковиќ во петок ќе одржи концерт со камерниот оркестар „Профундис“ во Македонската филхармонија во Скопје.
Без струја денеска и утре повеќе кумановски и липковски села Прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска и утре ќе има во повеќе кумановски и липковски села, како и во една кумановска населба.
Ивана Гиновска нова в.д директорка на Државниот инспекторат за животна средина Со одлука на Влада, Ивана Гиновска од Куманово е именувана за в.д директор на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС).
Проекција на документарниот филм „The Hip – Brainstorm“ утре во Занаетчискиот дом Куманово Во просториите на Занаетчискиот дом во Куманово утре во 19 часот ќе биде прикажан долгометражниот музички документарен филм „The Hip – Brainstorm“ во режија на Јане Алтипармаков.
Девојка повредена откако паднала од мопед Дваесет и едногодишна девојка е тешко повредена, откако со мопед излетала од пат, по што е пренесна во Општа болница Куманово.
Музичкиот перформанс „Ноќта на танцот Таранта - ритамот и страста на Апулија“ вечерва во Куманово Во големата сала на Центарот за култура “Трајко Прокопиев” Куманово, вечерва во 20.00 часот ќе се одржи музичкиот перформанс “Ноќта на танцот Таранта- ритамот и страста на Апулија” од Италија.
Есенски викенд хепенинг во „Унико“ ресторан „Унико“ ресторан започнува со организација на забави со музика во живо, кои ќе се одржуваат секој викенд.
Поевтинуваат бензините и дизел горивата Дизел горивото поевтинува за денар и половина, бензинот Еуросупер од 95 октани се намалува за половина денар, а Еуросупер 98 за еден денар, одлучи Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
МВР ги повикува граѓаните да ги заменат старите возачки дозволи до крајот на годината Министерството за внатрешни работи МВР ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31 декември 2024 година.
Проблемот со гробиштата во Карпош ќе се реши најбрзо за две години откако ќе се донесе новиот ГУП, заклучено е на состанокот со мештаните Жителите на населбата Карпош ќе почекаат да се донесе новиот Генерален урбанистички план (ГУП) за да се реши проблемот со гробиштата.
Денеска без струја две улици во населбата Карпош Прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска ќе имаат потрошувачите на две улици во кумановската населба Карпош.
Три лица повредени во сообраќајка кај Страцин Три лица се повредени во сообраќајна несреќа која вчера напладне се случила на регионалниот пат Куманово - Крива Паланка, во селото Страцин.