Над 10.000 невработени се евидентирани во Центарот за вработување во Куманово Во Центарот за вработување во Куманово евидентирани се вкупно 10.206 невработени лица, заклучно со месец јули од тековната година. Податоци се однесуваат и на лицата од Липково и Старо Нагоричане, кои по евиденција се водат во општинскиот центар.
Продолжи судењето против Димитриевски - сослушани се две вешти лица Со сослушување на вешти лица од областа на градежништвото и економско-финсиското работење, денеска во Основниот суд Куманово, продолжи судењето против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, обвинет од ОЈО Куманово за злоупотреба на службената положба и овластување, по пријава на двајца кумановски бизнисмени.
Минералната вода од дел од чешмите во Проевце се уште не е за пиење Природно минералната вода од дел од чешмите во село Проевце се уште не е безбедна за пиење. Резултатите и од последните анализи на водата што ги направиле екипи од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Куманово повторно покажале присуство на истата бактерија.
Лајонс клуб донирашe навлаки за инвалидски колички во Кумановската болница Лајонс клуб Куманово донираше 15 навлаки за инвалидски колички на Општата болница во Куманово. Донацијата е во рамките на редовните активности на клубот, а набавени се откако болницата доби 86 половни инвалидски колички.
Изложба на уметничка фотографија „Ентомо фото фест“ во Центарот за култура Куманово Во фоајето на Центарот за култура Куманово, утре /четврток/ во 19.30 часот, ќе биде отворена изложба на уметничка фотографија „Ентомо фото фест“.
Сопствениците на книжарниците во Куманово не се согласуваат со одлуката за ограничување на маржата Сопствениците на 13 книжарници во Куманово протестираа поради владината одлука за намалување на продажните маржи на училишниот прибор за 10 отсто во малопродажба.
Неточни се информациите дека ќе се затвори училиштето „Вук Караџиќ“, тврдат надлежните „Шпекулација се тврдењата дека ќе се затвори училиштето „Вук Караџиќ“. Тоа е целосно подготвено да започне со работа и во ова учебна година. Во споредба со минатите години сега има зголемување на бројот на новозапишани деца, имаме 6 повеќе од лани“, вели Александар Јовановиќ, раководител на Секторот за образование, по информациите во градот дека тоа ќе се затвори поради недоволен број на ученици.
103 години од раѓањето на Христијан Тодоровски – Карпош Денеска се навршуваат 103 година од раѓањето на народниот херој на Македонија, Христијан Тодоровски – Карпош.
ОЈО ќе испитува дали имало соодветна заштита и сигнализација на автопатот каде се случи сообраќајката во која загинаа татко и син Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје ќе испитува кои се причините за сообраќајната несреќата на автопатот Куманово-Скопје, кај наплатната рампа кај Миладиновци, во која загинаа татко и син од кумановското село Опае.
Во касарната „Боро Менков“ свечено одбележана 25 годишнината на СЕЕБРИГ Свечена церемонија по повод 25 годишнината од формирањето на Бригада на Југоисточна Европа - СEEБРИГ се одржа денеска во касараната „Боро Менков“ во Куманово.
Паднала ограда покрај основно училиште и повредила жена Кумановка е повредена откако врз неа паднала ограда во близина на основно училиште во Куманово. Несреќата се случила вчера околу 8 часот.
Двajцa загинати во сообраќајка на автопатот Куманово - Скопје, со автомобил удриле во паркиран камион Две лица од кумановско загинаа во сообраќајна несреќа, која вчера се случила на автопатот Куманово - Скопје, пред наплатната рампа Миладиновци.
Граѓаните да ги сменат возачките дозволи до крајот на декември, гужвите за вадење на лични документи се минато, кажа Тошковски Министерот Панче Тошковски денеска потсети дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име согласно со промената на законот која беше направена во февруари, e заклучно со 31 декември 2024 година.
Понеделник неработен ден за сите граѓани Понеделник е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, поради тоа што 8 Септември - Денот на независноста на Републиката е во недела.
60 причини за среќа, ексклузивна можност за пензионерите во „Флекс кредит“ Пензионерски кредит со исклучителни услови и 60-дневен грејс-период промовираше финансиското друштво „Флекс кредит“.
Советот не даде согласност да се гради зграда наместо трговски центар на „Пиринска Македонија“ Нема да се гради стамбена зграда на пет ката на улицата „Пиринска Македонија“, во близина на К4 зградите зад продавницата на „Сетек“ во Куманово.