Пет лица од Куманово, Скопје и Тетово се приведени под сомнение дека ја злоупотребиле службената положба и овластување и ја оштетиле државата за 780.000 евра.
Во координација со Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и Тетово, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност.
Министерството за локална самоуправа отвори ресурсен центар кој ќе им помога на Општините да изработуваат проекти и да аплицираат за добивање средства за развој на општината.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесува 45.466 денари и е за 9,3 отсто повисока во споредба со истиот месец лани, соопшти денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 е 75 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 77 денари, а еуродизел (Д-Е-V) за 73 денари за литар.
Над 20 тони замрзнат компир – помфрит, кој имал рок на употреба (23.мај 2025 година е запленет при увоз во државата од инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ).
Во Занаетчискиот дом во Куманово, вечерва од 18 часот ќе се одржи промоција на книгата „Куманово у срце, Куманово у душу – поносна кумановка“ од нашата сограѓанка Олгица Димитриевска, дипл. инж. архитект...
Во четврток /27 ноември/ новиот состав на Советот на Општина Куманово ќе одржи редовна седница. На дневен ред се предложени 33 точки, меѓу кои и ребаланс на буџетот за оваа година.
Во Регионалниот центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ започна спроведувањето на стручната обука за едно од бараните занимања на пазарот на труд – женски фризер.
Во Уметничката галерија Куманово вечерва во 19:00 часот ќе биде отворена традиционалната Меѓународна изложба на уметничка фотографија „Фото Салон Куманово 2025“.