Oбвинети 13 лица за вооружениот инцидент во Мала Речица Основното јавно обвинителство Тетово поднесе обвинение против вкупно 13 лица за учество во вооружениот инцидент во Мала Речица на 5 април, во кој беа убиени и повредени членови на ДУИ од Куманово.
До 10 јуни уписи на децата во градинката “Ангел Шајче“ До 10 јуни годинава трајат уписите на деца во градинката „Ангел Шајче“ во Куманово. Во новата учебна година ќе бидат запишани над 300 дечиња.
Три неработни денови и споен викенд Оваа недела следи продолжен викенд, бидејќи среда, четврток и петок се неработни денови.
Прогласени ученици на генерацијата во Куманово и Старо Нагоричане Здружението на просветни работници и Општина Куманово, традиционално по повод Денот на сесловенските просветители „Кирил и Методиј“, ги прогласија најдобрите ученици на генерацијата 2017/2018 година.
Затворот К`шање кубури со вода, а нема ни асфалтен пат Затвореници од затворот К`шање се жалат дека поради проблемите со водоснабдувањето управата на казнено-поправната установа Куманово не им дозволува да ја користат ни собата за интимни посети, затоа што нема вода да се истушираат
Повик за бесплатен одмор за деца од социјални семејства Министерство за труд и социјална политика ги повикува заинтересираните лица корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, посебен додаток, детски додаток, родителски додаток како и деца без родители и родителска грижа, да се јават за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација за своите деца.
Исчезнатото момче од Липково пронајдено во Скопје Четиринаесетгодишното момче од Липково, кое во петокот исчезнало од дома пронајдено е во Скопје.
Нов систем за наплата во ЈП „Куманово-паркинг“ Новиот број за смс пораки е 144-144, а новина е што треба да се впише бројот на подзоната во која паркирате пред регистерската таблица
„Кокино-македонски бренд„ прогласен за музејски проект на годината Меѓународниот проект на НУ Музеј Куманово, насловен „Кокино македонски бренд“ чиј раководител беше нашиот археолог Дејан Ѓорѓиевски, ја доби наградата за најдобар музејски проект за 2017 година, од страна на ICOM (International Council of Museums) Македонија.
Јовановиќ реизбран за претседател на Српска странка Мирослав Јовановиќ е реизбран за претседател на Српска странка во Македонија.
„Бучен Козјак“ добитник на престижната награда “Best Practices” Кумановската компанија „Бучен Козјак“ е добитник на престижната меѓународна награда за квалитет “Best Practices”.
Иновативен центар за поголема конкурентност Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија (ФРМСП) започна со импламентација на проектот "Иновативен центар: компаративна предност за поголема конкурентност", кој предвидува соработка на приватниот сектор со претставници од универзитети, кои ќе помогнат при спроведувањето на мерките за зголемување на иновативноста и конкурентноста во целните регони и пошироко.
Сашо Тодоровски нов директор на Центарот за култура во Куманово Сашо Тодоровски од Куманово е именуван за директор на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Матурантите од Куманово танцуваа на градскиот плоштад Над 300 матуранти од три средни училишта во Куманово денеска танцуваа на градскиот плоштад.
Утре паркирањето бесплатно се менуваат броевите за наплата ЈП „Куманово-паркинг“ од понеделник ќе воведе нови броеви за наплата на паркинг услугата, поради што стариот систем за наплата за викенд нема да функционира, и паркирањето во градот нема да се плаќа.
Се реализира проектот за социјална инклузија преку социјалните мрежи Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија во соработка организацијата „Линда“ од Куманово, го имплементира проектот „Социјална инклузија преку социјални мрежи помеѓу граѓанските организации и социјалното претприемништво“.