Советничката Божиновска го повика Дамјановски да се прошета по заледените тротоари Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во советот на општината Злата Божиновска го повика градоначалникот Зоран Дамјановски да се прошета по заледените тротоари во градот, за да види колку се безбедни граѓаните додека ги извршуваат своите секојдневните обврски.
Министерот Нухиу во посета на СВР Куманово Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска го посетил СВР Куманово, во склоп на посетите кои се реализираат во секторите за внатрешни работи и полициските станици во државата, со цел одблиску да се запознае со моменталните состојби и проблемите со кои се соочуваат.
Успешна крводарителска акција организираа кумановските коледари Педесет единици крв се собрани денеска на крводарителската акција што ја организираше здружението „Коледари„ во Куманово.
„БМВ“ удри девојка во Умин Дол Дваесет и деветгодишна девојка е тешко повредена во сообраќајната несреќа на стариот пат Куманово-Скопје, во селото Умин Дол.
Тротоарите лизгалишта, 500 граѓани повредени Од утринава започна да вее нов снег, кој ќе го прекрие ледот, па состојбата ќе биде уште полоша за движење, и не е исклучено бројот на повредени да биде поголем
Бегалец премрзнал во цистерна патувајќи со воз до Табановце Млад Алжирец премрзнал во цистерна за превоз на хемикалии во товарен воз кој сообраќал од Гевгелија кон Србија, додека се обидувал нелегално да ја помине македонско-српската граница.
Кривична за внук што без дозвола чувал пиштол на дедо му Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.Б. (32) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”.
Шабани: Функционираме во вонредни услови Од почетокот на месецот не работи пајак службата а нема канџи за возилата нан кои газдите не платиле паркинг услуга
ВМРО-ДПМНЕ прашува дали функционира паркинг службата во градот Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го обвини градоначалникот и неговите директори дека се откажале од Куманово, бидејќи за дваесетина дена колку трае невремето, дозволиле градот да наликува на најзафрлените и најнедостапните места во државата.
Кумановец доби автомобил на наградна игра од Македонски телеком Јетмир Рушити од Куманово е среќниот добитник на автомобилот фолксваген ап (Volkswagen UP), главната награда од припејд наградната игра која што ја организираше Македонски телеком.
Се реализира проектот за инклузија на млади со пречки во развој Во проектот се вклучени 60 млади лица од општините: Куманово, Липково, Ранковце и Кратово
Голем сезонски попуст во салонот на СИМПО Една од најпознатите и најреномирани компании за мебел на балканските простори, СИМПО, нуди голем сезонски попуст од 20 до 25 отсто на целокупниот асортиман во салонот во Куманово.
Кривична за кумановец што вршел јавен превоз без лиценца В.Ј.(49) од селото Тромеѓа, кумановско, заработи кривична пријаво за сторено кривично дело вршење јавен превоз без поседување лиценца.
Петок неработен ден за припадниците од српската заедница Свети Сава, петок е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија.
Повеќе од еден месец нема трага од исчезнатиот кумановец Повеќе од еден месец нема трага ни глас од исчезнатиот кумановец, Драган Цветковски (59), кој на 19 декември минатата година излегол од својот дом во населбата „Гоце Делчев„ и не се вратил.