Стечајците најавуваат штрајк со глад Стечајците од здружението УНИТ најавуваат радикални протести пред министерства и штрајк со глад, затоа што шести пат по ред беше одбиен од власта законот за нивно обештетување.
Кичевски дистрибутер на кафе оштетил фирма од Отља Р.Л.(58) од Кичево, дистрибутер на кафе, апарати за кафе и други предмети оштетил фирма од липковското село Отља.
Продажен базар за Свети Валентин Во маркетот „Туш“ на 12 февруари ќе се одржи продажен базар за Свети Валентин, организиран од учениците од здравствената струка од „Наце Буѓони“ и од Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“.
Бугарски автобус се превртел на патот Куманово-Крива Паланка Бугарски автобус вчера се превртел на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка кај село Опила, при што 5 лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 21 патник со телесни повреди.
Граѓаните да внимаваат при употреба на плински боци Граѓаните да внимаваат при употреба на плински боци, советуваат од Општинскиот противпожарен сојуз Куманово откако во државата имаше неколку пожари предизвикани од запалени боци.
На терористите од Тоде Мендол ќе им се суди на 9 февруари Во вторник во скопскиот Основен суд треба да започне судењето против 29 обвинети за тероризам, за нападите што се случија во Куманово лани кога беа убиени осум полицајци.
УМС:Младите ќе се запознаат со мерките на Владата Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во четврток во 19 часот, ќе ги презентира мерките и проектите кои Владата ги воведе за младите.
Отворени денови во катастар и Управата за имотно правни работи Во Одделение за катастар Куманово и во Управата за имотно правни работи денеска се одржуваат Отворени денови.
Словенечка вечер во Мозаик волонтерски центар Во Мозаик волонтерскиот центар вечерва во 20 часот ќе се одржи Словенечка вечер.
Оглас за субвенционирање на сончеви колектори Министерството за економија објави оглас за надомест на дел од трошоците за купени и вградени сончеви колектори заклучно со мај 2016 година.
Жените од ВМРО-ДПМНЕ со нова хуманитарна акција Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово утревечер во 18 часот, организира хуманитарна акција за социјално-загрозените семејства под мотото „Биди хуман-донирај“.
Над 100 кумановски фирми на листа за бришење во Централен регистар Најмалку 100 кумановски фирми со различни дејности и помал број липковски и фирми од општина Старо Нагоричане, се на листата за бришење на Централниот регистар, затоа што до 31 декември 2015 година не поднеле годишна сметка за деловната 2014 година.
Тутун запленет во воз на Табановце Минатата недела 20 килограми сецкан тутун, откриени се на Железничката станица Табановце.
Турски државјанин со камион излетал на патот Куманово-Крива Паланка Б.А.(34) од Турција вчера управувајќи камион Мерцедес, излетал од патот кај село Петралица на регионалниот пат Куманово-Крива Паланка.
Истекува рокот за барања за паушално оданочување за земјоделците Рокот за поднесување на годишни извештаи за персонален данок и барања за паушално оданочување на земјоделците истекува денеска, информираат од Управата за јавни приходи.