Вработени во кумановскиот и врањски „Водовод“ учат како да се справуваат со поплави Тридневен тренинг за спречување и ублажување на последиците од поплави се одржува во Куманово, на кој присуствуваат вработените во ЈП „Водовод“ од Куманово и ЈП „Водовод“ од Врање.
Премиера на претставата „Не можам да платам, не сакам да платам“ на Театар Куманово Претставата „Не можам да платам, не сакам да платам“ од Дарио Фо, во режија на Владимир Николовски, премиерно ќе биде изведена во петок, со почеток во 20 часот на сцената на Центарот за култура.
Во затворот К'шање се обеси притвореникот кој си ги уби сестрата и внукот во Габреш Притвореникот кој чекал судење се обесил, откако со чаршаф се врзал за кревет на кат, додека во притворската ќелија имало уште еден притвореник кој спиел.
Син нападнал татко, полицијата го привела Четириесет и едногодишен кумановец физички нападнал татко, по што бил приведен во полиција.
Оштетениот мост на Пчиња чека реконструкција, пролетните дождови го зголемија стравот дека ќе падне Жителите на селото Пчиња со страв го минуваат оштетениот мост, откако водостојот на реката се зголеми поради обилните врнежите од дожд.
Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово Во Изложбениот салон на Центарот за култура, утре, четврток, во 19.30 часот ќе биде отворена традиционалната изложба на фотографии „Мајски салон“.
Доцни прскањето против комарци во Куманово, надлежните договорите со фирмите ќе ги потпишат до петок До крајот на неделата Општина Куманово ќе потпише договори со фирмите кои ќе вршат запрашување против комарци.
Изложба на „руски“ икони од кумановскиот крај во Уметничата галерија во Куманово Во Уметничката галерија во Куманово, утре во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Икони од 19 век т.н. руски икони од кумановскиот регион“ и промоција на каталог.
Приведен кумановец, допирал малолетнички по телото Триесет и осумгодишен кумановец вчера нападнал три малолетнички и ги допирал по телотот, по што бил приведен во полицијата.
(Видео) Виолета Бајдевска и Асије Зекири добитнички на наградата најхумани медицински сестри од Куманово Виолета Бајдевска медицинска сестра во службата за Итна помош и Асије Зекири акушерка во Патронажната служба, двете вработени во Здравствен дом Куманово, се добитнички на наградите за најхумани медицински сестри од Куманово, од Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки.
Промоција на две книги на Ивана Јанева денеска во „Букси“ Во кафе-книжарницата „Букси“ во Куманово, вечерва со почеток од 19 часот ќе се одржи промоција на книгите „Зборовите на безгласната девојка“ и „Моќта на безгласната девојка“ од авторката Ивана Јанева.
Од полноќ ќе поевтинат бензинот и дизел горивото Вечерва од полноќ за 1,50 денари ќе се намали цената на безнинот за литар, а за половина денар ќе поевтинат дизел горивото и нафтата за домаќинствата. Се намалува и цената на мазутот.
Казнети 52 возачи изминатиот викенд во Куманово Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 52 возачи.
Еколошка акција во „Панче Пешев“ како подготовка за „Графити фест“ Со расчистување на сметот и подготовка на теренот започнаа подготовките за „Графити фест“, кој викендов ќе се одржи во стамбениот блок на „Октомвриска револуција“ бр. 28А, на гаражите спроти драгсторот на „Елида“.
Прва модна ревија на Јелена Кицара во Куманово (видео) Девет модели и триесетина скици и цртежи, можеа да видат посетителите на првата модна ревија на четиринаесгодишната Јелена Кицара, која викендов се одржа фоајето во Центарот за култура во Куманово.
Во ѓубре и кал е реновираното кошаркарско игралиште во Соколана Кошаркарското игралиште во Соколана, кое неодамна беше реконструирамо е затрпано со смет, а тартан подлогата е извалкана со кал.