×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нино: Наградата ја посветувам на мојот град

    29.10.2014 23:00 | KumanovoNews

    Нино Величковски и Кумановски тамбураши, годинава со песната „Крстозбор“  освоија прва награда на Фолк фестивалот Валандово. Во 30 годишната кариера, Нино добил многу награди и признанија, но тврди дека оваа му е посебно драга затоа што се случи во пресрет на големиот јубилеј 70 години од ослободувањето на Куманово. Во таа чест наградата ја посветува на својот град.

    Нино: Наградата ја посветувам на мојот град

    После 32 години професионална музичка кариера и активно солистичко егзистирање на македонската фолк сцена, како и самиот факт дека со голем мерак ја изнесов песната која 9 месеци ја работев, мислам дека наградата дојде во вистински раце. Јас навистина верував во песната и во авторскиот тим: Миле Барбаровски, Огнен Неделковски и Ангел Ќосев. Со овие врвни професионалци работам повеќе од 15 години и претчувствував дека оваа година успехот нема да изостане. Си давам за право да кажам дека новата сцена во Валандово беше како во Сан Ремо, со извонредно добри услови за пејачот и со оркестар во живо. Тоа толку ме инспирираше што дадов се од себе да се претставам на најдобар можен начин. Само сакав добро да ја отпеам песната и на тамбурашите им реков дека многу е важен нашиот настап, да ја отпееме и да ја донесеме песната како што треба. Ако не беше така публиката не само што немаше да гласа, туку и ќе го сменеше каналот. Радосен сум што ги бранев боите на Нино Величковки како пејач и како кумановец, кој толку години егзистира на нашава сцена, но сметам дека ги одбранив и боите на градот и со тоа се гордеам. Затоа наградата ја посветувам на моето црвено и борбено Куманово.

    Дали ова признание ќе ве обврзе повеќе да работите?

    Ова признение е круна на мојот ангажман во овие 30 години, како солист и со Октетот Куманово. Повеќе од 10 години работам со тамбурашки оркестри и 15 - тина години солистички. Тоа се вкупно преку 700 испеани песни. Тоа говори дека во изминатите години сум стекнал верна публика и фанови. Јас на Валандово во изминатите 26 години имам освоено 3 први награди од стручно жири, втора и трета награда за музика, за аранжман, за текст, за најдобра интерпретација... Но оваа награда ми е најдрага и најзначјна, бидејќи ова е голема победа за мене, за градот и за моите сограѓани и затоа сум неизмерно среќен. Ќе и се одолжам на мојата публика на најдобар можен начин.

    Каква беше конкуренцијата, имаше ли квалитетни песни во финалето?

    Во финалето имаше многу квалитетна понуда, што би се рекло песна до песна. Јас се носев само со една мисла, а тоа беше да ја отепјам песната на најдобар можен начин. Кога ја видов реакција на публика се почувствував толку сигурен и си помислив дека ќе ми се оставри желбата да се освои награда. Системот на телевоутиг гласањето е познат, треба некој да ве гледа и да ве гласа. Мене ме гласаа моите кумановци. Благодарение на локалните медиуми, мислам дека најголема поддршка добив од моите сограѓани, без да ми се налутат и останатите мои обожаватели од Македонија на кои им се допадна песната. Како и да е мојата публиката ме задолжи да работам уште повеќе во наредниот период.

    Како реагираа колеги, ја споделија ли Вашата среќа или се чувствуваше завист и љубомора?

    Да бидам искрен, ама точно се гледаше од авион на кои им беше драго, а на кои не. Ме изневерија некои мои колеги, во кои сум се колнел и рака сум давал за нив. Не е добро што се толку суетни и љубоморни. Одамна заборавивме да се радуваме на туѓиот успех. Но тоа не ја девалвира мојата награда. Кога тие биле победници, а јас не сум влегол ни во финале, сум имал доблест да им честитам од срце. Меѓу првите кои ми честитаа беа: Мишко Крстевски, Благоја Грујовски, Соња Тарчуловска, Виолета Томовска, Блага Петревска... За останатите не ми е грижа, секој што губи има право да се лути.

    Кој дел од „Крстозбор“ ја освои публиката? Текстот или музиката ?

    Доста ја анализирав песната пред да ја прифатам. Јас повеќе играв на текстот, бидејќи многу е инспиративен. На некои им пречеше што е наречена Крстозбор. Е, баш тој крстозбор јас го решив, се обидов да го решам. Темата е љубов неизмерна во стиховите на Огнен Неделковски. Тој многу добро ме познава. Јас му поверував и се фатив за тие стихови и рефренот „Штом ме гушнеш јас без борба ти се предавам“... За жал таа песна не ја примија на Цветници. Една комисија не ја прими, а на Валандово народот одлучи да победи.

    На кого е посветена песната?

    Песната ја напиша Огнен и тој знае на кого ја посветил. Можеби јас сум му кажувал за некои мои љубени, стари или нови, па го инспирирало тоа.

    Како ќе ги потрошите парите од наградата?

    Тие 20.000 евра не се само за мене. Имам авторски тим и постои правило како ќе се подели. А тој дел што ќе остане за мене  ќе ги подарам на мојата внука. Кога ќе порасне да студира, да си ги чува парите. Сакам уште од сега да инвестирам во нејзиното образование.