×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Старо-нова нормалност

    Бране Петрушевски

    „Новото нормално“ - тоа е фраза која често ја слушаме во денешно време поради ситуацијата со пандемијата во која се наоѓаме. И фраза која, како и на многумина други, и мене не ми е многу драга. Нејсе, токму оваа нова кованица ме натера да се замислам: не за тоа што таа подразбира, туку за тоа што сè се подразбира под поимот „нормално“ во нашето општество. И забележувам дека она што беше и сè уште е „старото нормално“ на кумановци, воопшто и не е „нормално“ во најголем дел од остатокот од светот. Гледам дека живееме во една изобличена реалност во која со текот на годините, како жаба во топла вода, нè навикнале да прифатиме многу работи како да се во ред и сме научиле да живееме со нив, иако воопшто не е така. Некои работи не се во ред.

    Еве на пример, во кој универзум е нормално во 21 век политичари да ја сведуваат својата кампања и понуда главно на асфалтирање улички и тоа да го претставуваат како ооогромен успех? И уште пострашно, граѓаните до толку да се демотивирани и континуирано понижувани па дел од нив и самите тој „успех“ да го препознаваат како огромен дар. И изборите да се сведуваат безмалку само на тоа колку улички се асфалтирале, дали ваму или таму, зошто ваму а не таму, и колку уште ќе се ветат дека ќе се асфалтираат. И тоа секако исклучиво пред избори. За време на мандатот очигледно граѓаните не го добиваат ниту тоа.

    И колку треба да нè угнетуваат за да сфатиме дека тоа не е подарок, дека тоа е ОСНОВНА задача на еден градоначалник? Дека таквите работи требало да бидат завршени уште во минатиот век? Дека никаде во светот никој не се возбудува за асфалтирање улички? Дека сме си платиле за таа уличка 100 пати веќе, и дека ќе платиме уште 100 пати? На крајот на краиштата, дека никој не ни подарува ништо, тоа е наше, тоа ни следува и не само тоа туку многу, многу повеќе.

    Тоа ви е како некој да ви ги земе сите пари, после 4 години да ви врати 0,01% од ВАШИТЕ пари и вие да сте среќни поради тоа. И пак, да му ги дадете сите пари за после 4 години да ви врати пак толку. За ова време секако живеете бедно и без пари. И тоа треба да ни е нормално? Не е тоа нормално, туку тажно и страшно.

    А еве уште неколку од нештата што спаѓаат во „старо-новата“ реалност на кумановци:

    -да немаме канализација и вода за пиење во многу места

    -да немаме пристап и пат до многу места

    -да немаме улици

    -да имаме улици без тротоари

    -да немаме паркинзи

    -да нема каде да се движат пешаците

    -да имаме места непристапни за лицата со попреченост

    -да имаме незгрижени животни по улиците

    -да го гледаме и мирисаме воздухот што го дишеме

    -да живееме во урбанистички хаос

    -да немаме паркови

    -да немаме доволно градинки

    -да живееме затрупани во ѓубре

    -да имаме руинирани спортски објекти

    -да имаме пренатрупана, гломазна и потполно неефикасна локална администрација која сите ние ја плаќаме...

    Слободно продолжете ја низата...

    Време е почитувани кумановци жабата да излезе од водата и да ја види реалноста. Време е да го побараме и добиеме она што е наше. Може многу подобро од ова. Заслужуваме многу подобро од ова.

    Бране Петрушевски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*