Изгласани законските измени за пензионирање на 64 години и 15 години стаж
30.06.2021 19:00
| KumanovoNews
Собранието денеска ги усвои измените на Законот за работни односи со кои во пензија ќе се оди на 64 години.
Досега, граѓаните имаа можност да продолжат да работат до 67 години, но со овие законски измени, таа опција ќе ја имаат само вработени во здравството и во високото образование, под строго дефинирани критериуми и постапка.
Останува законската можност жените да одат во пензија и со навршени 62 години возраст, согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување.
Предлагачот, министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска, вели дека на овој начин се отвора можност за вработување на младите, но и за намалување на бројноста во администрацијата.
Законот ќе почне да се применува од 30 јуни 2022 година.