×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Минималната кошница во август – 48.234 денари, пресмета ССМ

    12.09.2022 13:47 | Сузана Николиќ

    Минимални трошоци за живот на четиричлено семејство во август, кое живее во стан од 50 м2 и нема автомобил изнесувале 48.234 денари, објави Сојузот на синдикатите на Македонија- ССМ . 

    Минималната кошница во август –  48.234 денари, пресмета ССМ Фото: pxhere.com

    Во сумата е пресметана и инфлациска стапка од скоро 17 отсто, но се земени во обзир трошоците за обезбедување на еден ученик за набавка на потребните материјали на почетокот на училишната година што сумата ја зголемува за уште 6.000 денари.

    Само за храна и пијалаци во домот се потребни 18.324 денари, сума што е повисока од минималната плата за 324 денари, за домување 12.493 и за хигиена 2.808 денари. Во ставката превоз се пресметани само два месечни билети, работнички, ученички или студентски со вредност од 3.600 ден. Облеката и обувките би чинеле 2.197 ден, доколку секој член од семејството би купил по едно ново парче месечно во сезоната.

    Во пресметката за културата е вклучен по еден кино – билет месечно и редовно купување на еден неделен и еден дневен весник. За одржување на здравјето потребни се 768 денари, со само основните трошоци за лекарства (парацетамол, аналгин, кафетин). За хронично болните сумата е значително поголема.  

    „Не се вклучени трошоците за рекреација, образование, хотели и ресторани, семејни прослави, не затоа што не се потребни, туку затоа што во кошницата се пресметуваат само неопходните трошоци, па доколку се пресметуваат и овие трошоци вредноста на истата би била многу повисока“, посочуваат од ССМ.

    Ставките на потрошувачката кошница се искажани во минимум потребни количини и најниски цени . За исхраната се земени 63 основни производи, кои не ги искажуваат целосно потребите за исхрана, туку ги изразуваат можностите, навиките и традицијата во исхраната.  

    О . Пешевска

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk