×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Fiore

    Од вторник ќе замрзне цената на лебот до 33 денари

    25.02.2023 16:29 | Сузана Николиќ

    Во вторник ќе се замрзне цената на лебот и нема да биде над 33 денари и за белиот и полубелиот леб во земјава, а мерката ќе важи од 1 март, кажа денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

    Од вторник ќе замрзне цената на лебот до 33 денари

    „Ова е само прв чекор од производите наведени во одлуката на Владата за утврдување на маржите. Министерството за економија работи за други производи и ќе следат и нови одлуки за замрзнување на цените. Нема да дозволиме воени профитери во време на криза. Се прават анализи и за тестенините, генерално за макароните и шпагетите и тие средства ќе се користат за укинување на одредени давачки и со тоа ќе влијае намалување на цените на истите производи и ако има потреба ќе има замрзнување на дургите цени. Не смее да има разлика во лебот од 28 до 38 денари на истиот леб“, рече Бектеши на денешната прес-конференција.

    Бектеши кажа дека Пазарниот инспекторат ќе ја контролира не само цената на лебот туку и грамажата, односно леб не смее да се продава под 450 грама за дадена највисока цена.

    Министерот рече дека ова е само почеток и дека ќе следат намалувања и за другите производи. За цените на овојшето и зеленчукот, рече дека чекаат предлог од Министерството за земјоделие и ќе го почитуваат каков и да биде. Најави и дека неделно ќе прават анализа за секој производ и ќе реагираат.