Мени

ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19

Петок 1 октомври 2021

11:24

ПЦР тестовите не се отровни

ПЦР тестот е само обично пластично стапче со памук на врвот, со кое се собираат примероци од носот и грлото и потоа се обработуваат во лабораторија. Ниту содржи отрови, ниту, пак, со...

Четврток 30 септември 2021

11:56

Никој не е принуден да прими трета доза вакцина

Многупати кажан факт е дека вакцинацијата против ковид-19 во Северна Македонија е на доброволна база, исто како и најавената трета доза од вакцината на Фајзер/Бионетек, за која повторно се дадени само препораки...

11:55

Училиштата не се отворија за да се собере генетски материјал

Тврдењето дека училиштата се отвораат за „да се собере генетски материјал“ се коси со законите кои се однесуваат на тајноста на здравствените податоци и заштита на правата на пациентите. Споделувањето на ставови...

Среда 29 септември 2021

07:37

СЗО препорачува кога пациентот со придружни болести и ковид ќе почине, смртта да се води од ковид

Во препораките на СЗО пишува дека секоја смрт што настанала од ковид-19, дури и веројатните случаи кои имаат неодреден резултат, или, пак, сомнителните случаи кои не можеле да се тестираат, да се...

07:30

Повторно се манипулира со американскиот систем ВАЕРС за пријава на несакани ефекти по вакцинација

Тоа што некој починал по администрирана вакцина, не покажува причинско-последична врска со самата вакцина. Самата пријава на ВАЕРС не е доказ дека вакцината ја предизвикала смртта. Пријава до ВАЕРС може да достави...

07:28

Кенеди никогаш не докажал на Врховниот суд дека задолжителната вакцинација треба да се укине

Врховниот суд на САД никогаш не одлучил за укинување на задолжителната вакцинација. На веб страницата на највисоката северноамериканска судска институција која ги објавува сите казни, нема одлука за поништување на задолжителната вакцинација....

07:26

Не е точно дека после секое „прскање од авиони“ расте бројот на позитивни на ковид

Белата трага што ја оставаат авионите во воздухот се нарекува „контрејл“, односно патека од кондензација. Облаците во форма на линија се произведени од издувните гасови на моторот на авионот и настануваат поради...

Вторник 28 септември 2021

07:07

Вакцините против ковид не содржат чипови

Постот шири лажни информации оти вакцините содржат некаков чип. За ваквите тврдења не постојат никакви научни докази и тие се шират заедно со разноразни теории на заговор, поврзани со вакцинацијата против ковид-19....

07:05

Антиваксерска објава лажно го обвинува Бил Гејтс за милиони смртни случаи од вакцини

Бил Гејтс не фигурира како сопственик на која било од фармацевтските компании, кои ги направија различните вакцини против ковид-19 што се администрираат ширум светот. Ковид-19 не е „невидлива болест“, како што се...

07:02

Нема докази дека петмина од Свети Николе починале или се во тешка состојба поради вакцината

Во статистиките на Институтот за јавно здравје за починати од ковид од 1 до 14 септември нема евидентирани лица од Свети Николе на возраст до 45 години. Во овој временски период, на...

Понеделник 27 септември 2021

07:21

Не е вистина дека се убиени тројца претседатели зашто се спротивставиле на вакцинацијата во нивните држави

Двајца од тројцата претседатели споменати во постот се починати во болница од срцев удар (на Танзанија и Бурунди), а еден е застрелан и убиството не се поврзува ниту со коронавирусот, ниту со...

07:19

Никој не нуди пари за семејството да потпише дека блискиот починал од ковид

Не е вистина дека болниците нудат пари на семејствата за покривање на погребните услуги доколку потпишат дека блискиот починал од ковид. Семејствата немаат право да одлучат од што починал нивниот близок, тоа...

07:17

Лажно се тврди дека цитокинската бура кај пациент настанала поради примена вакцина

Тврдењето во постот дека цитокинската бура кај момчето е последица на вакцината е лажно. Младиот човек при прераскажувањето на своето лично искуство на ниту едно место не тврди дека цитокинската бура настанала...

Страница 15 од 22 · 347 вести