Казнети 36 возачи во Крива Паланка - возеле пребрзо
16.07.2021 07:34
| Жаклина Цветковска
На подрачјето на Крива Паланка, вчера од 14 до 20 часот, спроведена e засилена акциска контрола за возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа санкционирани се 36 возачи.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопштува МВР.