×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од јануари извод за новороденче ќе се вади и електронски

    07.10.2025 12:32 | KumanovoNews

    Од јануари ќе може електронски да се извади извод за новороденче . 

    Од јануари извод за новороденче ќе се вади и електронски Фото: portalb.mk

    Како што соопштија од Министерството за дигитална трансформација, родителите преку Националниот портал за услуги uslugi.gov.mk ќе поднесат барање за извод и ќе го добијат во болница, најдоцна до 48 часа од раѓањето на бебето.

    Министерот Стефан Андоновски ни рече дека во план е овој проект да важи и за приватните болници.

    Проектот е-бебе е поддржан и од канцеларијата на УНИЦЕФ. Од родителите ќе се бара да имаат профил на Националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk.

    „Министерството за дигитална трансформација, искористувајќи ја Националната платформа за интероперабилност и Националниот портал за услуги uslugi.gov.mk, спроведе поврзување на сите засегнати институции Министерството за внатрешни работи, Управата за водење на матичните книги, Министерството за здравство – Управа за електронско здравство и соодветните јавни здравствени установи, во процесот за целосно автоматизирано пријавување на новороденчето“, велат од Министерството.

    Андоновски ни рече дека во втората фаза на проектот, до крајот на 2026 ќе се поврзуват и услугите за здравствено осигурување од Фондот за здравство, како и услугите на помош за новороденче кои ги издаваат Министерството за социјална политика, демографија и млади.