×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Противпожарната служба во Ранковце доби телефон, жителите 4 години одеа во станица да пријават пожар

    24.12.2021 08:21 | KumanovoNews

    Телефонскиот број на Противпожарната единица од Општина Ранковце после четири години од завчера повторно е во функција, и граѓаните може да се јавуваат и да пријават пожари. Досега тоа го правеа преку приватните телефони на пожарникарите, одејќи лично во објектот или преку пријатели и Пожарната во Крива Паланка.

    Противпожарната служба во Ранковце доби телефон, жителите 4 години одеа во станица да пријават пожар

    Командирот на противпожарната служба од Ранковце Раде Ивановски вели дека проблемите настанале поради „инает“ на поранешниот градоначалник.

    „Ни го исклучи телефонот, не остави без огрев, ни ги изнесе креветите за пасивен одмор, ја укина ноќната смена, останавме на минимална плата. Никако не можевме да најдеме разбирање со него. Мака мачевме околу информирањето за пожарите, не сфаќаше дека во прашање се доведува безбедноста на граѓаните и имотот на Општината“, вели Ивановски.

    Тој посочува дека со доаѓањето на новиот градоначалник проблемите полека се решаваат, а противпожарната служба добила интернет и дрва за греење.

    „Конечно од вчера, повторно имаме функционална телефонска линија 380-193, а градоначалникот и Општината ни обезбедија и огрев. Повторно се вратени и ноќните смени и работиме според вообичаениот распоред како и сите останати противпожарни служби. Во постапка сме и за нивелирање на платите според законските одредби и во согласност со платите на нашите колеги“, додава командирот Ивановски.

    Тој вели дека во претходниот период биле оставени на минимална плата, поради што поднеле и тужби и добиле надоместок во судска постапка. Во процедура е и нова тужба за која се бара решение.

    Градоначалникот Борче Спасовски вели дека се обидуваат да ги надминат наталожените проблеми од изминатиот период. Решиле некои проблеми, но главен проблем остануваат тужбените барања од пожарникарите.

    „Еве, пристигнаа 7 нови тужби од нив. Ова е голем товар за Општината и ограничените буџетски средства. Би сакале да наидеме на разбирање од нивна страна, да се откажат од тужбите, да видиме како да се регулираат направените трошоци и да свртиме нова страница во работењето“, вели Спасовски.


    Вчера во Општина Ранковце пожарникарите ги посетил Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија (НСПМ) со претседателот Тони Бошковски и генералениот секретар Боби Вељановски. 

    Општина Ранковце има 4.500 жители.