×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Соработка на младинските совети на Крива Паланка и Кочани

    02.07.2025 12:07 | KumanovoNews

    Во просториите на Крива Паланка вчера се одржа работна средба помеѓу Локалниот младински совет на Крива Паланка и нивните колеги од Локалниот младински совет на Кочани.

    Соработка на младинските совети на Крива Паланка и Кочани

    Средбата беше насочена кон зајакнување на соработката меѓу двата совета, размена на искуства и идеи, како и поттикнување иницијативи што одговараат на реалните потреби на младите.

    Младите разговараа за клучните предизвици со кои се соочуваат во своите заедници, но и за можностите што ги гледаат за унапредување на младинските политики. Дел од фокусот беше ставен и на активното учество на младите во процесите на носење одлуки на локално ниво.

    Присутните ја истакнаа важноста од градење стабилна и одржлива структура на младинско организирање, како и потребата од меѓусебна поддршка.

    „Ваквите средби се многу значајни затоа што ни овозможуваат директно да споделиме искуства, да се слушнеме едни со други и заедно да креираме идеи кои вистински одговараат на потребите на младите. Веруваме дека само преку соработка и постојана комуникација можеме да изградиме посилна младинска структура – и локално и на пошироко ниво,“ изјави Никола Митовски, член на ЛМС Крива Паланка.

    Средбата заврши со заеднички договор за континуирана комуникација и развој на идни проекти, со цел младите да останат двигател на позитивните промени во општеството.

    Никола Митовски