Мени

Пешачка патека до Осоговскиот манастир и реконструкција на пожарната во Куманово приоритети на Регионалниот форум во заедницата

Пешачка патека до Осоговскиот манастир и реконструкција на пожарната во Куманово приоритети на Регионалниот форум во заедницата

Изградбата на пешачка патека до манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка доби најголема поддршка од учесниците на Регионалниот форум во заедницата, што го спроведе Центарот за развој на Североисточниот плански регион, во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој- фаза 2“.

Изграден памп полигон за екстремни спортови со велосипеди и скејборди во Крива Паланка

Изграден памп полигон за екстремни спортови со велосипеди и скејборди во Крива Паланка

Памп-трак полигон  за велосипеди, скејтборди и слично  наменет за екстремни спортови, денеска  свечено  беше пуштен во употреба во Крива Паланка, во присуство на министерот за локална самоуправа Ристо Пенов  и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан.  

Жените-лидерки ја подигаат јавната свест за важноста на менталното здравје кај младите

Жените-лидерки ја подигаат јавната свест за важноста на менталното здравје кај младите

За менталното здравје на младите нема многу податоци, но постоечките истражувања укажуваат на големи проблеми од типот на депресија и анксиозност кај децата и адолесцентите, што се должи на фактори како што се сиромаштијата, социјалната исклученост, изложеноста на семејно насилство и стигмата, беше истакнато на Форумот на заедницата за подигнување на јавната свест за менталното здравје кај децата, адолесцентите и младите, што се одржа во EU House Крива Паланка.

Градоначалникот на Крива Паланка даде отчет  пред граѓаните за 2-годишното работење

Градоначалникот на Крива Паланка даде отчет пред граѓаните за 2-годишното работење

Капиталните проекти кои со години и децении само се најавуваа, полека стануваат реалност, а со тоа и Крива Паланка конечно го добива своето вистинско стратешко место на Коридорот Исток-Запад.

Се пошумува атарот на селото Жегљане, во кумановско ќе се засадат над 100 илјади садници на црн бор

Се пошумува атарот на селото Жегљане, во кумановско ќе се засадат над 100 илјади садници на црн бор

Трае акцијата за пошумување во атарот на село Жегљане, во Козјачијата, која ја спроведува ЈП „Национални шуми“, подружница Куманово, како дел од годинешната акцијата за пошумување – „Пошумуваме заедно 2023“.  Покрај Куманово ќе се пошумува и на 34 други различни локации во државата, во 19 различни реони. Акцијата на ЈП „Национални шуми“ започнува токму од кумановскиот регион.

Нела Јанковска, добитничка на годишната награда за скулптура на ДЛУМ

Нела Јанковска, добитничка на годишната награда за скулптура на ДЛУМ

Македонската скулпторка Нела Јанковска од Крива Паланка е добитничка на годишната награда за скулптура на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), кое традиционално секоја година на годишна изложба доделува 4  награди и тоа за сликарство, склулптура, графика  и за млад автор.

Алгуња ќе добие водовод вреден 360.000 евра

Алгуња ќе добие водовод вреден 360.000 евра

Започна изградбата на водоводната мрежа во должина од околу 3 километри во селото Алгуња, во општина Старо Нагоричане. Проектот е финансиски поддржан од Министерството за транспорт и врски, а ќе чини нешто повеќе од 22 милиони денари или околу 360 илјади евра.