Во конакот на манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, отворена e постхумна изложба на ликовни дела од неодамна починатиот прв академски сликар од Крива Паланка Димитар Стојчевски, насловена како „Основачот во сенка“.
Кривопаланчанката Мери Акиевска стана светски шампион во велнес фитнес, освојувајќи ги сите медали што можеше да ги освои на Светското првенство во бодибилдинг и фитнес, кое се одржа од 3-8 во Санта...
Изабела Павловска, носител на листата на СДСМ на локалните избори и досегашна претседателка на Советот на Општина Крива Паланка, ја доби довербата да раководи со овој орган и во наредните 4 години.
Вкупно 10 ученици со попреченост, кои се вклучени во редовната настава во основните училишта „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“ од Крива Паланка, ќе добиваат стипендија за учебната 2021/2022 година.
Новиот градоначалник на Крива Паланка Сашко Митовски од СДСМ, кој извојува победа уште во првиот круг од локалните избори, денеска стапи на функцијата откако го прими уверението од ОИК.
Кратово и Ранковце добија градоначалници од редовите на опозицијата, поточно од ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери, кои беа во водство и во првиот круг од локалните избори.
Мурал, со тематика од НОБ, изработија млади уметници од Крива Паланка на локација покрај заобиколницата, во близина на споменикот на Христијан Тодоровски Карпош во населбата Бавчал`к.
Објавен е конкурс за избор на негователи за помош и нега на стари лица и граѓани со попреченост во Крива Паланка. Станува збор за проектот на Црвен крст на Крива Паланка со...
Општина Кратово ги повика заинтересираните граѓани да се вклучат во урбанистичкото планирање за одржлив развој на урбаното и рурално подрачје, со цел да се обезбеди инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на...
Општина Крива Паланка се најде во групата „300 најуспешни“ од Средна и Југоисточна Европа и е меѓу 7-те добитници на најпрестижните награди што ги доделува реномираната организација „ Глобал Локал“.
Општина Крива Паланка обезбеди вкупно 14 стипендии за талентирани ученици, студенти и успешни спортисти, кои имаат постигнато завидни резултати во своите области.
Актуелната градоначалничка на Старо Нагоричане и кандидатка за втор мандат Жаклина Јовановска од СДСМ, за 9 гласа ја изгуби победата во првиот круг на локалните избори.