×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановецот Кристијан Поповски дел од тимот, кој стана светски шампион во Кантер страјк

    03.12.2021 07:20 | Жаклина Цветковска

    Младиот кумановец Кристијан Поповски-Фодор беше дел од македонската репрезентација, која стана светски шампион во видео играта Кантер страјк (Counter Strike) на Светското првенство што неодамна се одржа во Израел.

    Кумановецот Кристијан Поповски дел од тимот, кој стана светски шампион во Кантер страјк

    Македонска репрезентација, покрај кумановецот Поповски, ја сочинуваа и Александар Ќулукоски, Јане Апостолоски, Дамјан Стоилковски и Павле Стојановски.

    Македонските момчиња успеаја да се пласираат во финалето и да ја победат екипата на Романија со 2:0, освојувајќи ја светската шампионска титула. Тие освоија и парична награда од 10.000 долари како победници на Светското првенство CS: GO на кое учествуваа 11 тима.

    „Голема чест и задоволство е да се освои оваа награда. Лично за мене преставува успех за кој сонував уште од детство. Исто така, се надевам дека со освујувањето на оваа награда ќе се сврти вниманието кон развојот на еспортот во Македонија“, вели кумановскиот шампион.

     

    Кристијан има 22 години и е студент, а Кантер страјк игра уште од детството, но никогаш не помислувал дека оваа игра ќе доживее ваков успех.

    „Се започна во 2007/08 кога беа многу актуелни интернет кафеата. Во тоа време играњето игри беше нешто ново и само за дружба и забава. Никој тогаш не би рекол дека играњето видео игри ќе биде светски феномен и ќе стигне до овој степен на важност“, вели Кристијан.

    Сега, кога е професионалец во еспортот признава дека не е се само забава и дека треба многу труд и посветеност за да се постигнат вакви светски резултати.

    „Доколку  се игра за забава секоја игра е лесна. Но, како и во секој спорт, така и во еспортот потребна е вештина и знаење. Особено во една стратегиска игра како Кантер, каде што има низа на правила  и тактики. Доколку сакате да се занимавате со професионално играње тогаш тоа може да биде напорно, затоа што секојдневно мора да вежбате индивидуално, но исто така и со тимот со кој што играте каде тренинзите може да траат од 8 до 10 часа“, сведочи младиот играч.

    Ова, вели, е голем успех за Македонската еспорт федерација и поттик за младите играчи од македонската еспорт заедница.

    „Можеби за постарите генерации е малку збунувачки целиот  тој концепт на еспорт натпревари. Се уште на игрите се гледа само како  алатка за забава. Но, се надевам дека нашата приказна ќе ги потикне да размислуваат за еспортот како и за секој друг спорт. Ние дојдовме до финале, преку низа натпревари почнувајќи од квалификациите,  па се до големото финале. Самата атмосферата на натпреварот како и внатрешниот натпреварувачки дух ни создаде еуфорија за победа“, вели Кристијан.

    Тој посочува дека игрите не се веќе само за мали деца или за да не ни е досадно. Смета дека е време да се докаже дека игрите се сериозен дел од секојдневниот живот на младите и битен фактор во иднината.

    (Фото: Фејсбук)