×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ФК „Победа„ 8 години под суспензија

    05.05.2010 09:25 | KumanovoNews

      ФИФА и Судот за Арбитража во Лозана, ја казни  ФК „Победа„ од Прилеп со 8-годишна суспензија од настап  на домашните фудбалски терени. ФФМ, ја казни и тетовска Шкендија одземајќи и 6 бода на второлигашкото конто, откако остана со неподмирени обврски кон тројца свои поранешни фудбалери.

    ФК „Победа„ 8 години под суспензија

     Натпреварите кои екипата на Победа ги одигра во првиот и вториот круг на натпревари во 2009/2010 година остануваат со постигнатите резултатите. Додека во наредните натпревари (29, 30 и 31 коло од Првата фудбалска лига на Македонија) фудбалскиот клуб, кој треба да одигра натпревар со ФК „Победа„ натпреварите ќе ги добива со службен резултат 3:0,а согласно правилникот на Фудбалската федерација на Македонија.

     Во образложението на одлуката на комесарот за натпревари, Миле Спирковски, се вели дека по потврдата од Арбитражниот суд во Лозана за осум годишна суспензија на Победа од европските натпреварувања, ФИФА донесе одлука македонскиот клуб да се суспендира и од домашните натпреварувања. Истата сега само се имплементира.

    Комесарот за натпревар при ФФМ, ја казни и тетовска Шкендија одземајќи и 6 бода на второлигашкото конто, откако остана со неподмирени обврски кон тројца свои поранешни фудбалери.