Куманово славеше против Пелистер, закажа дуел со ТФТ
13.02.2026 23:25
| KumanovoNews
Во драматичен и неизвесен дуел, со прекини поради кореографија и инциденти, екипата на Куманово забележа победа против тимот на Пелистер со резултат 66-75.
На самиот почеток на натпреварот гостите од Битола незадоволни што не им беше дозволен влез на нивните навивачи го напуштија теренот. Но, пред истекот на временскиот рок се вратија и натпреварот продолжи.
Тимот на Куманово имаше подобар старт, но Пелистер фати приклучок и делуваше дека воспоставува контрола над мечот. Разликата во вториот период растеше за “гостите”, но кумановци се вратија во игра и заминаа на полувреме со 4 поени негатива. Мечот до одбележа лошиот шут од линијата за слободни фрлања за кумановци, но и покрај тоа Куманово поведе во третиот период.
Пелистер го губеше трпението и покажа нервоза. Клупата доби 2 технички грешки, тренерот беше исклучен, а играчите негодуваа на судиските одлуки. Серијата од неколку тројки на домаќините, го трасираше патот на Куманово во полуфиналето каде што ќе ги чека тимот на ТФТ.
Урош Луковиќ со 20 поени беше главен актер на денешниот натпревар. За Пелистер Никола Малешевиќ постигна 22 поени.
Во сабота продолжуваат натпреварите од Купот и на програмата се полуфиналните натпревари. Од 17 часот играат МЗТ Скопје - Кожув, додека од 19:30 не очекува натпреварот помеѓу Куманово - ТФТ.