Мени

Миа Додевска освои злато на меѓународен пливачки натпревар во Ниш

06.04.2026 12:46 | KumanovoNews

Пливачката на „Немо“ од Куманово, Миа Додевска освои златен медал на меѓународниот пливачки натпревар „Куп Ниша 2026“, што викендов се одржа во Спортскиот центар „Чаир“ во Ниш, Србија.

Миа Додевска освои злато на меѓународен пливачки натпревар во Ниш

Додевска настапи на 50 метри градно, каде го освои првото место со време од 40.82 секунди, подобрувајќи го својот личен рекорд за цели две секунди.

На истиот настап, одличен резултат оствари и Каја Милевска, која во истата дисциплина го освои седмото место со време од 49.55 секунди.

Двете кумановски пливачки настапија и на 100 метри градно, каде Миа Додевска го освои петтото место со време од 1:40.99, додека Каја Милевска исплива 1:47.47, што воедно претставува подобрување на нејзиниот личен резултат за две секунди.

Тренерот Дарко Давидовски вели дека вториот настап бил под влијание на заморот по раното тргнување и долгото чекање меѓу дисциплините.

„На 100 метри градно се почувствува заморот. Девојчињата станаа во 5 часот наутро, патуваа до Ниш, настапија, а потоа чекаа уште три и пол часа до следната трка. И покрај тоа, Миа го освои петтото место, а Каја повторно го подобри својот резултат, овојпат за две секунди“, изјави Давидовски.

Следен настап за кумановските пливачки е закажан на 18 април 2026 во Белград.