Мени

МРК Куманово утре гостува кај Струга во 6. коло од плеј-аутот

24.04.2026 09:36 | KumanovoNews

Ракометарите на МРК Куманово утре ќе гостуваат кај Струга во натпревар од 6. коло во Супер машката лига плеј-аут.

МРК Куманово утре гостува кај Струга во 6. коло од плеј-аутот

Средбата ќе се игра на 25 април 2026 со почеток во 18 часот во спортската сала „ТИМИ“ во Струга.

Кумановци во овој дуел влегуваат од четвртото место на табелата со 15 бодови, додека Струга е петтопласирана со 9 бодови, па избраниците на Александар Радисављевиќ ќе имаат можност со нов позитивен резултат да го потврдат добриот ритам во плеј-аут фазата.

Во минатото коло кумановци на домашен терен го совладаа Пролет 62 и во добро расположение патуваат во Струга. Со тој триумф, МРК Куманово ја продолжи позитивната серија и во моментов е во низа од четири победи во плеј-аут фазата, што е најдобра потврда за подигнатата форма на тимот во финишот од сезоната.

Натпреварот во Струга е нова шанса МРК Куманово да ја продолжи победничката серија и со триумф да остане во сигурната зона на табелата во завршницата од сезоната.