Три медали за пингпонгарите на „Куманово“ на државното првенство во Битола
На Државното поединечно првенство во пинг-понг за јуниори, кое викендов се одржа во Битола, пингпонгарите на ППК „Куманово“ освоија две втори и едно трето место.
Со второ место и сребрен медал се закитија Јаков Кузмановски и Јаков Јакимовски во категоријата двојки (јуниори У19). Второ место и сребрен медал освоија и Јаков Јакимовски и Моника Стајковска во категоријата мешани двојки, додека трето место и бронзен медал освои Јаков Јакимовски во поединечна конкуренција (јуниори У19).
„По осум часа поминати во сала и одиграни повеќе од 60 сета, моите ученици ги постигнаа очекуваните резултати. Ова е резултат на добро спроведените подготовки и тактичкиот пристап за ова првенство. Благодарност до мојот помошник Васевски и до моите ученици за борбеноста и истрајноста. Екипата продолжува со настапите во завршницата на лигашките натпревари во Првата лига за сениори“, изјави тренерот на ППК „Куманово“, Мики Трендафиловски.

Триесет и третото државно првенство го организираше Пингпонгарската федерација на Македонија.