ЖРК Куманово утре го пречекува лидерот Ѓорче Петров
24.04.2026 23:33
| KumanovoNews
Ракометарките на ЖРК Куманово во сабота на домашен терен ќе го пречекаат лидерот на табелата, тимот на ЖРК Ѓорче Петров, во натпревар од Супер женската лига.
ЖРК Куманово натпреварот го дочекува по победата во минатото коло, кога на домашен терен го совлада Пелистер 2012 со 27:24, па ќе се обиде со нов добар настап да му парира на фаворитот и да остане во битката за повисок пласман. Кумановки во овој дуел влегуваат од четвртото место на табелата со 19 бодови, додека гостинките од Ѓорче Петров се лидери со 39 бодови и досега имаат само еден пораз во сезоната.
Средбата започнува во 12 часот во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ во Куманово, а влезот за публиката е слободен.