×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЖРК, МРК и ККК играат гостински натпревари овој викенд

    25.03.2022 12:52 | Стефан Николиќ

    Ракометарките, ракометарите и кошаркарите на Куманово овој викенд своите натпревари ќе ги одиграат на гостински терен.

    ЖРК, МРК и ККК играат гостински натпревари овој викенд

    Ракометарките на Куманово гостуваат на единствената непоразена екипа во Супер-лигата. Тимот на Ѓорче Петров забележа 5 победи во исто толку натпревари меѓу кои најсилен од нив беше тимот на Вардар. Кумановки се наоѓаат во одлична форма, супериорно се квалификуваа во Купот и единствен нерешен резултат имаат против тимот на Металург. Натпреварот се игра утре со почеток во 18 часот.

    Ракометарите ги започнуваат натпреварите во Прва лига Плеј-оф, а прв противник е екипата на РК Јехона. Првиот дел од сезоната се играше во две групи, од каде првите 5 играат Плеј-оф а останатите Плеј-аут. Куманово во новата група пренесе 1.победа 1.нерешен резултат и 6 порази. Тимот од Гостивар пренесе 2 победи и 6 порази во досегашниот дел од сезоната. Натпреварот се игра во недела со почеток во 19 часот.

    Кошаркарите на Куманово во 20.коло ќе се сретнат со тимот на Феникс 2010. Куманово забележа победа во првиот дуел оваа сезона, но во пресрет на овој натпревар Феникс е екипата која е под притисок бидејќи се бори за место во Супер-лигата. Единствено што може Куманово до крајот на сезоната е да се обиде да се оддели од последните две места. До крајот на сезоната преостануваат уште два натпревари, еден против вториот тим на МЗТ Скопје и Работнички. Овој натпревар се игра во недела со почеток во 20 часот.