На одржаното Државно првенство во фрлачки дисциплини, членовите на Атлетскиот клуб Куманово се закитија со вкупно 5 медали, а радува фактот што успехот кај некои од нив се повторува во континуитет.
Поради неподмирени финансиски обврски спрема БИБЛ лигата, екипата на Карпош Соколи е суспендирана од регионалното натпреварување со што Куманово со службен резултат ќе го добие мечот од последното коло во групата Д.
Кошаркарите на Бал фор Лајф запишаа нова победа во третата кошаркарска лига, одкако вчера победија со службен резултат против екипата на Борец Баскет од Велес.
Ракометарките на Куманово во недела во 14:30 ја пречекуваат екипата на ЖРК Прилеп, со што ги продолжуваат натпреварите во најквалитетното женско ракометно првенство.
После поразот од Работнички и испаѓањето во првата рунда од Купот на Македонија, кошаркарите на Куманово го пречекуваат тимот на Пеќ во рамките на БИБЛ лигата.
Кошаркарите на Куманово извојуваа победа против тимот на Фени индустри со резултат 64:60, додека третолигашот Бал фор Лајф загуби на натпреварот против Овче Поле со резултат 73:69.
Кошаркарскиот клуб Бал фор Лајф од утре ги продолжува своите натпревари во третата кошаркарска лига. Во 18 часот тие ќе играат против Овче Поле на гостински терен.
Втората фаза во регионалното натпреварување, БИБЛ лига ни носи два домашни дуели уште во првото коло. Денеска Кожув ја пречекува екипата на Фени Индустри, а утре Карпош Соколи ќе игра против Куманово.