×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 1.570 стипендии за учениците во дуалните паралелки во стручните школи ќе додели Министерството за образование

    16.06.2025 15:44 | KumanovoNews

    Министерството за образование и наука(МОН) за следната учебна година 2025/2026 ќе додели 1.570 стипендии за учениците кои ќе се запишат во дуални паралелки во средните стручни училишта.

    1.570 стипендии за учениците во дуалните паралелки во стручните школи ќе додели Министерството за образование

    Во практичната обука на учениците кои ќе се запишат во дуалните паралелки директно ќе бидат вклучени над 550 компании.

    „Ова значи дека учениците со завршување на средно стручно училиште, ќе имаат поголема веројатност за брзо вработување, во најголем дел во компаниите каде посетувале пракса, или пак да продолжат со своето образование на некои од универзитетите во државата. Наш приоритет е да ја зголемиме вработливоста на младите лица и да создадеме квалификуван кадри со вештини и компетенции што се потребни на компаниите, а со тоа ќе овозможиме младите својата иднина да ја градат во сопствената држава. Вложувањето во образованието, значи вложување во иднината и перспективата за развој на Македонија“, велат од МОН.

    (Фото : Архива на Кумановоњуз)