Приведени двајца возачи во Куманово, возеле под дејство на алкохол
Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово вчера попладне ги лишиле од слобода В.Ц.(30) од Куманово и Е.С.(32) од Скопје.

При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фолксваген венто“, кое го управувал В.Ц. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 1.69 промили алкохол во крвта.
Додека, при контрола на патниот сообраќај и возилото „бмв“, кое го управувал Е.С., било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 1.84 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.