28 деца од Куманово на бесплатен одмор
        28.06.2013 08:56
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      28 деца од социјално загрозени семејства во понеделник заминуваат на бесплатен одмор и рекреација во одморалиштето “Мајски цвет“ во Струга.
                  Три од овие деца се со посебни потреби и во Струга ќе престојуваат со придружник. Бесплатниот одмор ќе трае од 1 до 7 јули, а за организирање на различни активности ќе биде ангажиран и волонтер од Црвен Крст Куманово.
Маици, шорцеви и креми за сончање обезбедени од донации волонтери од Црвен Крст ќе им поделат на децата непосредно пред заминување на одмор.
Бесплатниот одмор и рекреација за децата од социјало загрозени семејства го финансира Министерството за труд и социјална политика.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



