Без струја неколку села и скопски дуќани
27.08.2014 06:48
| KumanovoNews
Без напојување со електрична енергија денеска ќе бидат неколку села и граѓаните кои живеат кај скопски дуќани во Куманово.

Кај скопски дуќани струја ќе нема до 11 часот, бидејќи се работи на реконструкција на мрежата и санација на куќни приклучоци, велат од ЕВН.
Поради инвестициони зафати во мрежата до 15 часот струја ќе немаат жителите на Габреш, Градиште, Руѓинце, Сув Орах и Облавце.