Без вода четири улици
04.06.2012 07:28
| KumanovoNews
Граѓаните кои живеат на улиците „Браќа Филиповиќ„, „Никола Тесла„, улица „11„ во населбата Јане Сандански и улица „400„ во населбата Иго Тричковиќ, поради дефект на водоводната мрежа утринава се без вода.

Екипите на ЈП “Водовод“ се излезени на терен за да го санираат дефектот. До крајот на работниот ден домаќинствата треба да добијат вода. Во останатите делови на градот водоснабдувањето се одвива нормално.